За нејзиниот љубовен живот никогаш и не се знае многу, дури и кога зборуваше за момчињата таа информациите ги кажуваше „дозирано“ неоткривајќи премногу детали. Сепак сега го прекина молчењето и реши да открие дали е уште сама или има некој покрај себе.
– Знаев дека луѓето ќе се распрашуваат за мојот љубовен статус, но за жал ништо се нема променето. Како и да се промени кога сум постојано дома. Друштвените мрежи и Тиндер не ме интересираат и сметам дека таму не може да се најде вистински партнер. Бев и на мета на „сталкер“ и не ми беше пријатно, секогаш морав навечер да шетам во друштво. Што се однесува до бакнеж, се надевам дека ќе има со кој во скоро време, бидејќи сега не се гушкам ни бакнувам со никој, открива пејачката во емисијата „ДеТоксик“.
Јелена открива и дека и недостигале настапите и дека е најсреќна кога е на сцена.