Интернационалната пауза иако за најголемиот дел од фановите знае да биде досадна и неинспиративна, понекогаш знае да изроди убави спортски моменти.
Италијанската фудбалска репрезентација слободното време го користи да се забавува на стариот добар и едноставен начин. Гитара, акорди, по некој пијалок и добро друштво.
На видеото кое осамна на „Инстаграм“ профилот на фудбалерот на Челзи, Жоргињо, токму самиот играч од средината на теренот е главниот аниматор и задолжен за добрата атмосфера и заедништво кај „Азурите“. Киелини и Сиригу „го мумлаат“ текстот на „Wonderwall“, додека Марко Верати со телефонот снима и мрда со главата.
Погледнете gо видео материјалот кој ќе ви го расположи денот барем накратко, ви гарантираме:
Didn’t expect the Azzurri to be singing along to this, but we dig it 🎶
📽️ IG/Jorginhofrello pic.twitter.com/gM3CyH0JU3
— Italian Football TV (@IFTVofficial) October 9, 2020