Трамп викендов се враќа на јавните настапи – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 9:34 AM

Трамп викендов се враќа на јавните настапи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја завршил терапијата на лекување од коронавирус и викендов се очекува да се врати на своите јавни должности, најави денеска неговиот доктор Шон Конли.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, докторот рекол дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и е во стабилна состојба.

Коронавирусот на американскиот претседател му беше дијагностициран пред 10 дена и врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, докторот вели дека Трамп е спремен да се врати на своите јавни должности.

Трамп денеска ќе биде повторно тестиран, а најверојатно ќе се појави и на нов предизборен митинг во Флорида, овој викенд.