Постојат знаци што покажуваат дека вашиот однос со најдбрата другарка не може ништо да го уништи. Пријателството не се бира и навистина – вистинското пријателство е едно од најубавите нешта во животот, така што има знаци кои укажуваат дека вашиот однос е драгоцен и искрен.
Секогаш сте искрена една кон друга
Без оглед на се, секогаш кажувајте го она што го мислите и чувствувате. Вашиот однос е заснован на меѓусебната доверба, а искреноста ви е приоритет.
Ја почитувате меѓусебната различност
Карактерните разлики не ве спречуваат да учите една од друга. Меѓуебно се почитувате во секој момент.
Убаво се чувствувате и кога молчите
Секој од нас некогаш во животот има моменти кога едноставно ни годи тишината. Доколку и кога не сте расположени за разговор седите со другарката без да кажете ни збор, а се чувствувате пријатно, тоа е јасен знак дека се работи за нераскинливо другарство. Во тие моменти не ви е неудобно, бидејќи се радувате на заедничките моменти, без оглед на расположението.
Разбирате дека раздвоеноста не значи крај за другарството
Животот може физички да не’ оддалечи од блиските или едноставно да се насоберат обврски поради кои не можеме да се гледаме со нив онолку колку што би сакале. Сепак, доколку тоа не не’ спречува да се разбираме како да сме заедно секој момент, тогаш тоа е другарство на долг рок.
Не се плашите од различно мислење
Спротивставените мислења се составен дел од односите со луѓето и логично е да не мислиме сите исто. Но ако се согласувате без оглед на тоа што не мислите исто, ништо не може да го наруши таквиот однос.
Извор: zenskikutak.rs