Погрешно е тоа дека можете се’ да конзумирате: Со д-р Драган Јованов за придобивките од фитомедицината во лечењето карцином на дојка – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 8:00 AM

Погрешно е тоа дека можете се’ да конзумирате: Со д-р Драган Јованов за придобивките од фитомедицината во лечењето карцином на дојка

Во јавноста е препознатлив по афирмацијата на здравиот начин на живот, а во медицинската фела по научните достигнувања од областа на фитомедицината. Доктор Драган Јованов е носител на повеќе национални и меѓународни признанија за најдобар млад научник и како таков своите знаења неретко им ги пренесува на онколошките пациенти подучувајќи ги како да ги користат придобивките од природата во своето лечење. Доктор Јованов денеска е наш соговорник, а како повод за разговорот го искористивме одбележувањето на октомври како месец на борбата против ракот на дојка. Тој го разбива митот дека фитомедицината е алтернативна медицина.

Докторе која е разликата меѓу фито и алтернативната медицина, ако во фокусот и на едната и на другата се лековитите својства на растенијата?

Фитомединицата е наука во која се изучуваат лековитите својства на растенијата и представува метод на лекување, одржување и спречување на болести и тегоби со употреба на цели лековити растенија или нивни делови (корен, лист, цвет и др.) во вид на чаеви, тинктури, етерични масла и екстракти. Современата фитомедицина не е ,,алтернативна медицина“ туку дел од научната медицина и ја чини основата за превенција и помош при одржување, подобрување и лекувње на разни болести кои го напаѓаат организмот. Кога се лекувате со фитомедицински билни препарати треба да бидете трпеливи, бидејќи нивното делување е поспоро, но подобро, она што лесно се стекнува лесно и се губи, она што долго трае станува составен дел од нашата отпорност и издржливост. Лековитите растенија можете да ги употребувате за сите здраствени проблеми, зависно од стадиумот и тежината на болеста, зависи и тоа колкав ефект ќе постигнете со нивна правилна, континуирана употреба. Со употреба на лековитите растенија  во организмот внесувате неопходни супстанци за вашето здравје (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси, флавониди, минерали, ензими и др.) и задоволувате исклучиво важни сегменти од сложениот човечки биолошки систем, со тоа го зајакнувате вашиот организам, станува по отпорен, ги подобрувате метаболитичките процеси и ги отстранувате штетните материи од организмот и не постои  дефицит од најпотребните материи.

Корисните состојки од лековитите растенија најчесто се наоѓаат само во еден дел од лековитото растение и тој дел се користи како билна дрога, но од лековитото растение за да ги извадиме сите корисни состојки најчесто ги потопуваме со вода. Фитомедицината е наука базирана на медицинската пракса и на тој начин се разликува од другите, кај неа повеќе е застапен медицинскиот хербализам (медицинско билкарство), кој се потпира на емпириската оцена, научни публикации на лековитите растенија. Билниот пристап генерално не бил вреднуван во строго контролираните клинички студии или во ригорозните биомедицински истражувања, додека пак постојат во бројните испитувања и фармаколошки студии за специфичните фитотерапеутски препарати.

Толкувањето и прифаќањето на такви докази за фитомедицинската практика варира. Во некои земји, се смета дека е потребно и оправдано да се лиценцираат фитотерапевтските производи како лекови, додека пак во други земји, фитомедицината се гледа како форма на традиционална медицина.

Во минатото постоеле делумни информации за лековитоста на растенијата и приодните дарови, сепак споредбено со денес, во минатото не знаеле на кој начин правилно да се употребуваат лековитите растенија, во кој сооднос и колкава е дозволената доза на употреба. Благодарение на науката и желбата за учење и осознавање на непроученото, јас, Драган Јованов, работејки во континуитет сакам да ја продолжам традицијата и да воспоставам нова историја, во која ќе бидеме дел сите ние. Во досегашната моја работа и искуство, со големо задоволство можам да кажам дека заедно со луѓето кои веруваа во мене и моето знање постигнавме големи резултати, кои најдобро сведочат и укажуваат за тежината на сите оние дела. Кога ќе се свртам зад себе и кога ќе ги погледнам сите оние среќни и здрави лица кои успешно се излекуваа и кои превентивно се спремни да се одбранат од секое здравствено нарушување, се чувствувам многу исполнето. Довербата на моите читатели и следбеници е повеќе од доволно да и понатаму проучувам и други лековити својства на растенијата и да доаѓам до нови начини за побрзо и поефикасно лекување и одржување на човечкиот организам. Целта на моето живеење е да придонесам за побројна и подолговечна македонска нација пред се’, па и за другите народи. Да ја вратам вербата на луѓето дека навистина може да биде подобро. За да дојдеме до посакуваните резултати и за да ги постигнеме очекуваните резултати потребна е обострана ангажираност, потребно е поинаку од  посебен аспект да се гледа и пристапува кон лековитите растенија. Не уништувајте го она што не’ создало и она од што зависи нашиот опстанок. Современието пред нас истакнува нови и големи предизвици, болестите мутираат во најразлични видови и форми, тогаш кога најмалку се очекува. Денешниот живот е многу непредвидлив, токму затоа јас ги поставив на друг начин како сам свој производ темелите, основите и стандардите на ,,мојата“ современа фито-медицина, за да навремено и во секое време бидеме спремни да се соочиме со било каков предизвик. Така не само што ќе бидеме во чекор со современоста, туку и чекор понапред, спремни да одговориме соодветно на секој предизвик. Силата и сигурноста се во знаењето. Од кога фитомедицината е систем на медицинската пракса која е базирана на научни докази, нејзините производи се фармаколошки активни лекови, слични на конвенционалните фармацевтски лекови но сосема поразлични.

Може ли со храна да се превенира карциномот на кој е посветен октомври, а тоа е карциномот на дојка? Каква исхрана според вас, треба да има на секојдневното мени особено кај женската популација?

Храната треба да биде добро избалансирана, па во вашето секојдневно мени треба да имате овошје, зеленчук, житарици, повеќе да се конзумира сирова храна, храна органски произведена, чиста природна храна без додатоци, храна која не е прскана со пестициди, хербициди итн. Не смеете да се доведете во ситуација да ви кажат можете се’ ДА КОНЗУМИРАТЕ. Многу погрешен пристап е тој. Не баш се’ можете да конзумирате!

За разлика од други видови карциноми, малигнитетот кај дојката според онколозите, не води кон некои поголеми ограничувања во однос на исхраната. Какво е Вашето мислење во врска со ова? Што советувате да јаде и да пие, а што да исфрли едно лице кај кое веќе е констатиран карцином на дојка? Колку плодовите што се корисни кај пациентите со хормонски зависен карцином, може да имаат контраефект кај оние чие малигно заболување не е поврзано со хормоните и обратно?

Фитоестрогените имаат слична хемиска структура како онаа на естрогенот и може да ги имитираат неговите хормонални дејства. Фитоестрогени се приврзуваат на естрогенските рецептори во човечките клетки, што можат да влијаат на функцијата на естрогенот во целото тело. Сепак, не сите фитоестрогени функционираат на ист начин.

Докажано е дека фитоестрогени имаат и естрогенски и антиестрогени ефекти. Ова значи дека, додека некои фитоестрогени имаат ефекти слични на естроген и го зголемуваат нивото на естроген во вашето тело, други ги блокираат неговите ефекти и го намалуваат нивото на естроген. Поради нивните сложени дејства, фитоестрогените се една од најспорните теми во исхраната и здравјето. Додека некои истражувачи изразија загриженост дека големиот внес на фитоестрогени може да предизвика хормонална нерамнотежа, повеќето докази поврзуваат позитивни здравствени ефекти. Всушност, повеќе студии се поврзани со внесот на фитоестрогени со намалено ниво на холестерол, подобри симптоми на менопауза и помал ризик од остеопороза и одредени видови на карцином, вклучително и карцином на дојка.

Ленено семе
Семиња од лен се мали, златни или кафеави семиња, кои од неодамна имаат потенцијални здравствени придобивки. Тие се неверојатно богати со лигнани, група на хемиски соединенија кои функционираат како фитоестрогени. Всушност, семето од лен содржи до 800 пати повеќе лигнани од другите растителни прехранбени производи. Студиите покажаа дека фитоестрогени кои се наоѓаат во ленено семе може да играат важна улога во намалувањето на ризикот од карцином на дојка, особено кај жените во постменопауза.

Сушено овошје
Сувото овошје е богато со хранливи материи и растителни влакна. Исто така е моќен извор на разни фитоестрогени. Сливи и суви кајсии се неколку извори на храна богати со фитоестрогени.

Семиња од сусам
Семето од сусам е мало семе, кое обично се вградува во азиските јадења за додавање на нежен крцкав вкус. Тие се исто така доста богати со фитоестрогени, меѓу другите важни хранливи материи. Интересно е што една студија открила дека потрошувачката на прав од семе од сусам може да влијае на нивото на естроген кај жени во постменопауза. Жените во оваа студија консумирале 50 грама прав од семе од сусам дневно во тек на 5 недели. Ова не само што ја зголеми естрогенската активност, туку и го подобри холестеролот во крвта.

Лук
Лукот е популарна состојка која дава лут вкус и арома. Лукот освен во кулинарството исто е и познат и по здравствените својства. Иако студиите за ефектите на лукот кај луѓето се ограничени, повеќекратни студии за животни покажаа дека може да влијаат на нивото на естроген во крвта. Покрај тоа, студија во која се вклучени жени во постменопауза покажа дека додатоците од масло од лук може да понудат заштитни ефекти против губење на коските поврзани со недостаток на естроген, иако се потребни повеќе истражувања.

Праски
Праските се преполни со витамини и минерали, ккао и со фитоестрогени познати како лигнани. Интересно е што анализата на студиите сугерира дека диетите богати со лигнани може да го намалат ризикот од карцином на дојка за 15% кај жени во постменопауза. Ова е веројатно поврзано со ефектите на лигнаните врз производството на естрогенот и нивото на крвта, како и нивното изразување на телото.

Бобинки
Бобинки имаат бројни импресивни здравствени придобивки. Тие се богати со витамини, минерали, растителни влакна и корисни растителни соединенија, вклучувајќи фитоестрогени. Јагодите, брусницата и малината се особено богати извори

Пченица
Пченица е уште еден концентриран извор на фитоестрогени, особено лигнани.
Пченицата во својот состав, освен високата содржина на влакна на пченични трици, исто е богата и со лигнани, еден вид на фитоестрогени.

Дали се фитоестрогените опасни?

Здравствените придобивки од консумирање на храна богата со фитоестрогени веројатно ги надминуваат потенцијалните ризици, така што овие намирници можат да се консумираат безбедно во умерени количини. Сепак, многу студии го поврзаа внесувањето на фитоестрогени со потенцијални здравствени придобивки, вклучително и пониско ниво на холестерол, подобри симптоми на менопауза и намален ризик од остеопороза и карцином на дојка.

Бидејќи дел од пациентките добиваат третман со хемотерапија која предизвикува гадење, што би советувале за да се намали ваквиот нус ефект од хемото? Дали овие пациентки може да си помогнат со некаков чај, сок приготвен во домашни услови и слично?

ДА! Да конзумираат коприва, магарешки трн, маточина, аронија, мајчина душица, сладок пелин и др.

Со оглед на тоа дека доаѓа период на настинки додека бележиме рекорди на заболени од ковид-19, каков совет би им дале на нашите читатели за тоа како природно да го зајакнат имунитетот? 

Да се конзумира тоник, капки или чај од корпива, ехинацеа, диво оригано, див лук, планински чај, мајчина душица, жалфија, спирулина итд.

На што особено треба да внимаваат оние кои во моментот се лекуваат од карцином, или можеби завршиле неодамна со лекувањето?

На стрес! стрес! стрес! Да го сменат односот спрема стресот, да мислат позитивно, секој викенд да посетуваат планински предели – чист воздух и секако секојдневно да ги користат бенефитите од современата фитомедицина.

Овој разговор би го завршиле со употребата на маслото од канабис, кое некои онколошки пациенти го користат како лек, а неретко го набавуваат и од црниот пазар. Какви придобивки може да има едно лице што се лечи од карцином од ваквото масло и во која насока неговата примена би можела да им помогне конкретно на оние што се лекуваат од карцином на дојка?

Антиканцерогените ефекти на Канабисот – ТХЦ и ЦБД се покажани во бројни ин витро и ин виво студии. Можните механизми на дејствување вклучуваат: анти-оксидативно, невропротективно дејство, инхибиција на раст и размножување на туморозните клетки, индукција на апоптоза (смрт на туморозните клетки), намалување на метастазите, инхибиција на ангиогенеза на тумор. Достапните студии ги покажаа погоре споменати позитивни ефекти кај пациенти дијагностицирани со карцином на мозок, карцином на дојка, карцином на белите дробови, карцином на простата и леукемија.

 

Вања Мицевска