Во текот на обилните врнежи во Мексико Сити, канализацијата се преоптоварила, па на површина излегле 22 тони најразновидно ѓубре. Меѓу целото тоа ѓубре се нашол и глодар со големина на еден просечен автомобил. Се работело за маска за „Ноќта на вештерки“.
Работниците на комуналното претпријатие во Мексико Сити биле вчудоневидени кога , меѓу отпадот исфрлен од канализацијата, виделе нешто што на прв пат изгледало како џиновски глушец, пренесува порталот 24 часа.
Шокираните работници набргу утврдиле дека се работи за крзнена играчка која се користи како реквизит за „Ноќта не вештерките“
Играчката всушност се заглавила во градската канализациска мрежа.
Таму од непознати причини , се наоѓала со години, се додека обилните дождови не ја исфрлиле на површина.
https://rs-lat.sputniknews.com/videoclub/202010071123537567-radnici-iz-kanalizacije-izvukli-pacova-velicine-automobila-video/