На сите инфективни одделенија во државава хоспитализирани се вкупно 414 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирус – што е најголем број на хоспитализација од крајот на јули.
– На Инфективната клиника има 86 пациенти. Во ГОБ има 40 пациенти од кои четири на респиратор. Во Козле има три деца позитивни и две суспектни деца за кои се чека резултат. Во сите одделенија има значаен број на пациенти, некаде капацитетот целосно е исполнет па пациентите се праќаат во Скопје – а тоа е Куманово, во Битола од Прилеп. Слободни места има во Хорид, Гостивар и Тетово. Во болницата во Струмица од утре ќе се спрема капацитетот на новото крило каде има опрема и материјали за сместување на пациенти. Целосно е спремна болницата во Кочани со 60 кревети спремни да примат пациенти, празно е и одделението во Кавадарци и значаен број на слободни кревети има во Тетово, рече Филипче.
По отварањето на градинките министерот рече дека е низок процентот на заболени воспитувачи и деца, а за училиштата потенцираше дека рано е да се извлекуваат заклучоци. Апелираше да се почитуваат протоколите и начинот на организација на образовниот процес.