Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.
Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекериснка и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев попладне да одржат заедничка прес-конференција.
Република Северна Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса.