Како мозокот сигнализира дека е време за секс? – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 9:18 PM

Како мозокот сигнализира дека е време за секс?

Кога мозокот знае дека е време за секс, делумно може да му бидеме благодарни на својот најголем орган – кожата. Како што потврдува едно опсежно истражување, некои делови на кожата имаат посебни рецептори кои емитираат пораки до оној дел на мозокот кој е задолжен за сексуалноста, а од таму им се праќа порака на гениталиите да се подготват“ за секс.

Додека постојат одредени делови од телото кои се сметаат за најголеми ерогени зени, не треба да се заборави и внатрешниот дел од бутовите, како и ребрата.

Сите овие места поради својата близина до интимните делови од телото се преполни со чувствителни рецептори. На овие делови од телото кожата е тенка и чувствителна па допирите таму може да бидат исклучително возбудувачки.

 

Извор:    cosmopolitan.hr