По исчкртаните и оштетени табли пред спомениците во Битола и Скопје, денеска оштетена е и новата табла која беше поставена пред споменикот на Александар Македонски во Штип.
Таблата ноќеска беше исчкртана, а во сабајлево е и откорната.
Уништувањето беше тема на социјалните мрежи и вчера, откако Владата завчера постави нови табли пред спомениците – со кои се објаснува кои се личностите и дека биле дел од хеленската историја.
Ваквата промена на таблите е резултат на обврските преземени со Преспанскиот договор.