Министерката за култура Стефоска во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 4:23 PM

Министерката за култура Стефоска во самоизолација

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска на својот официјален Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација, бидејќи член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19.

– Ве известувам дека член од мојот кабинет е позитивен на КОВИД 19 и согласно протоколите, од денес сум во самоизлоација. Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на КОВИД тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи, напиша Стефоска.

Додава дека изминатиот период доследно ги почитувале заштитните мерки.

– Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места, пишува Стефоска на ФБ.

На оние кои се борат со Ковид-19 им посакува побрзо опоравување, да останат силни и истрајни.

МИА