Ја молев да ме бакне а потоа ја молев да престане: По 30 години Бјелогрлиќ ја откри тајната за бакнежот со Брена – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 4:23 PM

Ја молев да ме бакне а потоа ја молев да престане: По 30 години Бјелогрлиќ ја откри тајната за бакнежот со Брена

Пред повеќе од три децении Лепа Брена заигра во филмот „Ајде да се сакаме“, во кој има мала интимна сцена со Драган Бјелогрлиќ, кој сега открива дека сцената не сакале да ја симулираат и да ја „одглумат“.

– Бидејќи Брена немаше актерско искуство, јас и реков дека се сакам да правам реалистично и дека тој бакнеж мора да го направиме вистински. Се сеќавам дека продуцентот Станко Црнобрњо викаше: „Застанете, застанете, полека“. Брена многу сериозно ја сфати таа улога бидејќи е професионалец и се даваше 100 отсто, но сепак во филмот влезе поблагата верзија од бакнежот – која не беше вистинската, рече Драган Бјелогрлиќ.

Сопругот на Лепа Брена, Слободан Живоиновиќ, се сеќава на моментот кога се уште не бил во врска со пејачката.

– Се сеќавам уште на почетокот на кариерата, дека ми се случуваше да сонувам дека сум во врска со Лепа Брена. Често одевме во еден тогаш познат клуб и наш заеднички пријател се трудеше да не „поврзе“. Тогаш не познавав многу луѓе од таа бранша, освен Бате Живоиновиќ кој ни беше куќен пријател, се сеќава Боба.

На моментот кога се запознале се сеќава и пејачката.

– Го приметив додека снимавме сцена. Видов дека влезе едно многу високо и згодно момче, но не стигнав да се запознаам. Потоа мојот пријател по некое време ми покажа страница од весник на која тој се имаше раширено на теренот и така разбрав за него, вели Брена додавајќи дека на премиерата на филмот со Бате се појавил и Боба.

– Полека дојдов до него измеѓу луѓето во гужвата, го бакнав како да го знам цел живот и го прашав: „Па добро каде си ти досега“ а тој ми одговори: „Тука сум“. Веднаш се договоривме да се видиме насамо во Нови Сад. Се сеќавам на првиот состанок. Замислив дека ќе се затрчам кон него како во филмовите, ќе му скокнам во прегратка, па ќе ме подигне и ќе ме бакне. Меѓутоа кога се стрчав, тој не успеа да ме задржи и паднавме на земја. Му реков: „Па мислев дека ќе ме држиш и ќе ме вртиш во круг, дека ќе ти биде лесно“, а тој ми одговори „Бегај бре жено, па ти си тешка“, се сеќава низ смеа Брена.

– Тајно се гледавме во Белград на скриени локации. Беше многу неверојатно и тешко во тоа време да се спојат нашите професии бидејќи често двајцата бевме на различни континенти. Се сеќавам еднаш зедов карта во девет навечер и отидов за Цирих од Ница, за да се сретнеме во еден хотел. По пат купив и шампањско и ја чекав да дојде. Помина еден часот, два, а неа уште ја немаше а јас дојдов само на неколку часа и наутро морав да се враќам. Размислив да не го погрешив хотелот, а немаше телефон и си реков супер сега ќе се враќам назад, кога ја видов неа ми се стрча во прегратка и вели: „Каде си сонце“. Се сеќавам дека моите сметки за телефон тогаш беа огромни, се сеќава Боба кој за Брена отишол и во Чикаго.

– После еден настап се враќам во гардеробата а таму ме чека Боба. Ми вели: „Среќна Нова година, знаеш што одлучив? Доста беше, или доаѓаш со мене или нема да ме видиш повеќе“. Веднаш му одговорив: „Доаѓам со тебе, не ми е гајле ни за пеењето ни за турнеите, каде си ти таму сум и јас“. Сите тогаш помислија дека нема да се вратам. Заминавме заедно во Австралија, летавме сами во авионот и уживавме во љубовта. Беше преубаво, ама таму две недели бев само со еден мал куфер, вели Брена.

После неколку дена како што се сеќава Брена, и се јавил менаџерот Рака и ја замолил да отиде да се договорат за концерт во Приштина.

– Таа разделба беше многу емотивна и тогаш сфатив колку голем професионалец е, вели Боба. Набрзо потоа и тој со неа се вратил во Југославија – Се сеќавам дека за прв пат се радував што изгубив меч, веднаш седнав во авион и отидов во Сараево кај неа.

– Ние двајцата бевме симбол на Југославија, нашата порака беше ајде да се сакаме и ја славевме љубовта – бидејќи таа е се она што ние сме и ќе бидеме до крајот на животот, истакна емотивно Брена, која освен со убавината го освоила Боба и со тоа што била одлична домаќинка.

– Кога почнавме да се забавуваме таа правеше пити и се друго сама. Веднаш реков дека тоа е жената на мојот живот, а таа ми одговори: „Мене мајка ми не ме учеше да бидам пејачка, туку да везам и да работам по дома“, се сеќава Боба.

Нивната свадба во тоа време беше венчавка на векот, а беше многу повеќе од обична веселба.

– Ги носев мајка ми и татко ми во Минхен на еден мој концерт а Боба ни се придружи. Уживавме во Октобар фест и кога се вративме во собата, Боба одеднаш рече „Одам кај татко ти да те побарам официјално“, раскажува Брена а Боба ја надополнува:

– Зедов шише ракија, отидов кај татко и и реков „Јас сакам да ве прашам нешто. Дали може..“, не успеав ниту да ја завршам реченицата а тој рече дека може. Се венчавме на 7. Декември 1991 година, а таа свадба покажа дека вистинската љубов секогаш победува. Тоа е нашата најголема победа бидејќи успеавме да останеме заедно и покрај различните професии и константната раздвоеност. Ние сме тим и така живееме сите овие години, објаснува Боба.

Децата на Боба и Брена, Филип, Виктор и Стефан, во документарецот истакнаа дека љубовта на нивните родители била симбол на едно време и на една држава која сега недостига.

– Со мајка ми научивме што е таа и колкав симбол е. Таа не научи да работиме домашни работи, а татко ни не научи како да се однесуваме со луѓето. Генерално од нив научивме како изгледа една компактна целина. Секогаш не учеа да бидеме чесни, вредни и да цениме се што имаме. Дека секој труд се исплаќа и се заслужува, но и дека мора да се работи за тоа да се одржи, велат сложно браќата.

извор: курир.рс