(Фото) „Ноќен клуб“ пред Влада – Музичарите и угостителите пристигнуваат на протест – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 1:36 PM

(Фото) „Ноќен клуб“ пред Влада – Музичарите и угостителите пристигнуваат на протест

Пред Владата започнаа да се собираат музичари, бендови и угостители кои не се согласуваат со новите рестрикции на Владата.

Веќе се собрани повеќе естрадни уметници, меѓу кои и Сузана Гавазова, Анета Молика, Суперхикс, Тони Зен и многу други.

Пред Владата е поставена бина на која пишува „Ноќен Клуб“ од каде ќе се пушта музика. Најавено е дека протестот ќе заврши со ди-џеј сет, а ќе се пушта само македонска музика.

Имено пред три дена Владата на седница ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести, со кои пејачи, бендови и ди-џеи веќе нема да можат да гостуваат во угостителски објекти. Исто така се ограничи и бројот на гости кои можат да бидат присутни – од 12 на четири лица на маса, а и гласноста на музика на 55 децибели.

Музичарите и угостителите не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или дека може да бидат потенцијални жаришта на коронавирус. Се жалат и дека со ваквите рестрикции им се одзема правото на работа и не знаат како ќе егзистираат.