Комерцијална објава
Почнувајки од први октомври, со измени и дополнување на условите за патничко осигурување, „Еуролинк“ обезбеди проширување на покритието и со тоа најдобро решение за патничко осигурување на пазарот. Измените и дополнувањата предвидуваат: Проширено покритие за патничко осигурување кое покрива трошоци за лекување од КОВИД-19 во итен случај, дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај.
Патните трошоци за превоз ќе бидат покриени за осигуреникот, членовите на потесното семејство и возилото со кое патувале доколку заради лекувањето враќање со возилото не е возможно.
Околностите за целиот свет се променија, а патувањата од задоволство станаа предизвик за сите нас. „Еуролинк“ осигурување го прилагоди своето патничко осигурување со цел да одговори на овие предизвици и да им помогне на своите клиенти повторно да патуваат безгрижно!
Патничкото осигурување може да се обезбеди од продажната мрежа на „Еуролинк“ осигурување или онлајн.