„Не би драматизирал толку“ – Вархеи не одговори конкретно дали за идентитетски прашања може да се преговара – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 11:20 AM

„Не би драматизирал толку“ – Вархеи не одговори конкретно дали за идентитетски прашања може да се преговара

– Јас можам само да повторам дека е во интерес и на Бугасрија и на Северна Македонија да најдат решение за овие прашања. Без да се разјаснат недоразбирањата ќе биде многу тешко, работите треба да се придвижат нанапред и мислам дека ова е моментот да се постигне договор, вака денеска одговори еврокомесарот Оливер Вархеји на прашање дали воопшто може да се преговара за идентитетските прашања и дали Бугарија со тоа не го прекршува основниот постулат на ЕУ за самоопределување.

Вархеји истакна дека гледа спремност кај премиерите на двете земји и според неговите информации, тие работат на решавање на отворените прашања и се надева дека ќе успеат да изнајдат решение.

–  Ќе направиме се што можеме да се изнајде решение и да помогнеме, не е невозможно. Не би драматизирал толку, но сепак е сериозно прашање, рече Вархеји.