Легендарниот холандско-американски гитарист Еди ван Хејлен почина по долга борба со рак на грлото.
Оваа вест ги поготи сите љубтели на добриот стар рок. Тој стана рок икона во 70тите а еден од најпознатите хитови е „Jump“.
Веста ја потврди и неговиот син, кој преку Тв итер се прости од него.
– Не можам да верувам дека морам да го напишам ова, но татко ми, Edward Lodevijk Van Halen, ја загуби својата долга и мачна битка со ракот утрово. Тој беше најдобриот татко што некогаш можев да го посакам. Секој момент што го споделував со него на и надвор од сцената беше подарок. – објави неговиот син, музичарот Wolf Van Halen, на Твитер.
Фото: telegraf.rs