Бакнувајте се повеќе – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 8:54 PM

Бакнувајте се повеќе

Како што поминува времето паровите се помалку посветуваат време на бакнувањето. Како повторно слатко да ги споите своите усни?

Флертувајте мамејќи го на бакнеж

Дадете му до знаење дека копнеете по неговите бакнежи, но тоa направете го слатко и секси, за да не ја сфати вашата постапка како критика. Пријдете му и кажете му нешто во стилот „Дај ми да го пробам вкусот на твоите усни“. На сето тоа додајте разигран и забавен тон и уживајте.

Не чекајте – иницирајте

Кој тргнува прв е под помал стрес. Не заборавајте дека доколку и двајцата уживате во она што го правите, сепак сосема неважно е кој почнал прв. Исто така, кога тој знае дека сте го иницирале прекрасното бакнување, сигурно ќе биде воодушевен и наскоро и тој ќе почне учејќи од вас, прв да ве опсипува со бакнежи.

Секогаш возвраќајте го бакнежот

Момчињата се многу чувствителни на физичките реакции. Ако ја свртите главата во моментот кога тој се обидува да ве бакне, ќе го обесхрабрите и следен пат ќе се двоуми да ви се приближи.

 

Извор:   cosmopolitan.hr