Сојузниот завод за вработување на Германија објави попис на заработувачките во речиси сите професии. Со тоа германските институции, наведува „Феникс-магазин“, а пренесува „Вечерњи.хр“, сакаат да осигураат поголема транспарантност на платите. Еве колкава била просечната месечна бруто-плата на дел од најпопуларните занимања во 2019 година:
Лекар – 6.150 евра, медицинска сестра – 3.052, архитект – 4.087, градежен инженер – 5.246, пекар – 3.502, багерист – 3.241, банкарски службеник – 4.875, професионален возач – 2.556, електричар – 3.143, електромеханичар – 3.694, рецепционер – 1.807, фризер – 1.684, водоинсталатер – 3.056, чистач на згради – 2.080, помош дома – 2.140, ИТ-стручњак – 4.236, келнер – 1.934, готвач – 2.284, автомеханичар – 3.077, молер – 2.776, учител во основно – 4.318, наставник во средно – 5.488, ѕидар – 3.214, пилот – 6.150, металкси работник – 3.738, болничар во итна – 3.404, физиотерапевт – 2.513, програмер – 4.644 евра…