Предизборно се решава проблемот со водата на „викендичките“ во Сутилак, на сметка на цела една населба – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 5:07 PM

Предизборно се решава проблемот со водата на „викендичките“ во Сутилак, на сметка на цела една населба

Во пресрет на идните локални избори во Штип, жителите на дивоизградените викендички во населба Суитлак сами копаат до Блок 77 во населбата Деснаци и се приклучуваат кон водоводниот систем, иако се без регулирани комуналии.

Овие викендички иако засега имаат обична легализација и не се дел на ДУП на Штип, сепак под надзор на ЈП Исар ќе се приклучат кон водоводот – без соодветна опрема.

Општина Штип и ЈП Исар ветија дека ќе изградат резервоар само за дивоградбите со препумпна станица. Се поставува прашањето колку ќе чини оваа инвестиција и дали овие граѓани ќе чекаат тоа да се случи.

Во меѓувреме се прилклучуваат на постоечката мрежа со обично црево Ф50, предизвикувајќи проблеми во водоснабдувањето на жителите од Блок 77.