Србија планира да купи беспилотни летала од Турција – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 3:35 PM

Србија планира да купи беспилотни летала од Турција

Претседателот на Србија Алекнсадар Вучиќ во Палатата „Србија” одржа прес-конференција, при што ги пофали турските беспилотни летала „Бајрактар“, јавува агенцијата Анадолија (АА).

На прес-конференцијата Вучиќ одговараше и на новинарските прашања и беше запрашан дали се точни наводите на медиумите дека Србија ќе купи беспилотни летала од Турција.

На тоа прашање Вучиќ одговори дека за Србија „многу се интересни системите на беспилотните летала”.

„Дали ќе постигнеме договор со турската страна тоа ќе видиме, но станува збор за многу добри летала”, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека Србија секогаш сака да ја зајакнува својата безбедност.

„Ние никому не му се закануваме, ниту некого ќе напаѓаме, но мораме секогаш да бидеме спремни да не бидеме изненадени, како што некои неодамна, сепак, беа изненадени. И во согласност со тоа ги преземаме сите чекори и мерки и не ние лесно бидејќи мораме да издвојуваме значајни финансиски средства за да одиме во чекор со земјите кои се воено определени”, истакна Вучиќ.