Великодушност и храброст: Посвоија седум деца чии родители загинаа во сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 2:59 PM

Великодушност и храброст: Посвоија седум деца чии родители загинаа во сообраќајка

Пам и Гери Вилс, брачна двојка од Калифорнија, се одлучи на храбар и великодушен чекор. Наидувајќи на Фејсбук на трагичната приказна на седумте браќа и сестри што ги загубија родителите во сообраќајна несреќа, одлучија да ги посвојат иако и самите имаат пет свои деца, како и шест внучиња.

Децата ги изгубија родителите пред две години, кога семејниот пвтомобил се преврте на автопат и на сите им беше јасно дека децата, ако некој не ги орими сите заедно, ќе останат раздвоени. Но, благодарение на 49-годишната адвокатка Пам и на ветеранот на американската морнарица Гери, четирите браќа и трите сестри успеаја да останат заедно и добија дом полн со љубов.

Сите седум деца учествуваа во трагичната сообраќајка во која им загинаа родителите. И тие имале тешки повреди, но досега сите успешно закрепнаа, пишува „Сан“, а пренесува „индекс.хр“.