Индексот на пасоши објави нови податоци за најмоќните пасоши во светот – листа која се заснова на тоа во колку земји може да се патува со тој пасош, а без виза.
Моментално за најмоќен е прогласен пасошот на Нов Зеланд, иако нив не им се препорачува меѓународно патување поради пандемијата со коронавирус.
По Нов Зеланд следат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија – сите го делат второто место.
На третото место пак се наоѓаат Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија.
Пасошот на САД се наоѓа на 21 место заедно со Малезија, со безвизен пристап до 52 земји.
Македонскиот пасош се најде на 16 место, а со него без виза може да се влезе во 62 земји.
Пред нас е рангирана Хрватска на осмо место и Србија на 14.
На крајот на листата се Авганистан и Ирак.