На Плачковица, запленети возила со бесправно сечено огревно дрво – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 2:54 PM

На Плачковица, запленети возила со бесправно сечено огревно дрво

Шумарска служба при ПШС Серта-Штип при редовна контрола затекнала патничко моторно возило натоварено со огревно дрво. Одземено е возилото а за сторителите на кривничното дело , ќе следуваат кривични пријави.

„Во рамките на редовните активности на шумочуварската служба од ПШС Серта -Штип, во с. Кучица, во ШСЕ Туртел-Почивало, при редовна контрола е одземено патничко моторно возило, wolksvagen saran, сo дабово огревно дрво“, информираат од Ј.П Национални шуми.

Вакви контроли, шумочуварската служба врши во сите подружници на ЈП Национални шуми, во рамките на засилената контрола на бесправни дејствија во шума.

Против сторителите, покрај одземената дрвна маса и возилото во која е најдена, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.

 

Пред десетина дена шумочуварските служби во координација со шумската полиција ПШС Лопушник-Кичево на м.в Крушино ШСЕ Дреново бесправно се затекнати дрвари како носат дабово огревно дрво при што дрвата и самарите се одземени. Во ПШС Кожув Гевгелија  во ШСЕ Ума од страна на шумочуварската служба запленето е огревно дрво од непознат сторител.