По Алкенсандар и Филип, на седум споменици во Скопје вчера им беа поставени нови табли со кои се објаснува дека тие личности биле дел од хеленската историја, но веќе утринава таблите беа оштетени и исчкртани со црн спреј, со цел да не се гледа напишаното.
Образложението за новите табли е дека се резултат на обврската на Македонија која произлегува од Преспанскиот договор со Грција.
На твитер се појави и видео од самото оштетување на таблите, кои сега на нив го имаат симболот „МК“.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Опалим те голим (@Zaevistan) October 6, 2020