Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 11:24 AM

Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ

Министерството за здравство соопшти дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски.

Доктор Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Тој се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија и во болницата Аџибадем во Истанбул. Доктор Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.