Во малиот групен дом во Демир Капија синоќа почина 11 годишното момче од Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 9:29 AM

Во малиот групен дом во Демир Капија синоќа почина 11 годишното момче од Охрид

Основното јавно обвинителство Кавадарци информида дека во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршиле увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете , штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

– Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт, се вели во соопштението на ЈО.

Неподвижното дете пред околу еден месец беше пронајдено во куќата во која живееле, без храна и надзор, откако родителите го напуштиле.