Питер Шмајхел: Не можам да бидам погорд на син ми и неговите соиграчи – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/18 11:39 AM

Питер Шмајхел: Не можам да бидам погорд на син ми и неговите соиграчи

Легендарниот поранешен голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Данска, Питер Шмајхел се огласи по поразот на неговата репрезентација од Хрватска во вчерашниот осминафинален натпревар од Светското првенство.

Шмајхел сениор од трибините го гледаше неговиот син како ги запира ударите на хрватските ѕвезди, но на крај за жал Данците не успеаја да слават и ќе мора да се задоволат само со осминафиналето на најголемата фудбалска смотра во светот.

– Немам зборови. Не можам да бидам погорд на мојата земја, мојот син, неговите соиграчи, сите во стручниот штаб и фантастичниот селектор Аге Хареиде. Кога сите солзи ќе пресушат ќе сфатиме колку добро поминавме- напиша Шмајхел на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/BkuRr5dFppr/

Преземено од: Дерби