Естрадата и угостителите во среда на протест – на социјалните медиуми се шири повик – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 2:19 PM

Естрадата и угостителите во среда на протест – на социјалните медиуми се шири повик

Естрадни уметници и угостители на социјалните мрежи најавуваат протест за во среда, откако по предлог на Комисијата за заразни болести, на владина седница беше усвоен предлогот за нови мерки и протоколи за угостителскиот сектор.

Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијата:

-Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).

-Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.

-Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите  се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, точка 6. се брише и се заменува со  „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“, а во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се додава нова точка: „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“.

-Комисијата укажа, а Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, така и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите.

-Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

Додека виртуелна битка се води на социјалните мрежи помеѓу Владата, естрадните уметници и угостителскиот сектор, веќе се шири и повик за сите засегнати страни од оваа мерка да излезат на протест.

Ви го пренесуваме повикот во целост.

„ПРОТЕСТ пред влада во СРЕДА од 14.00 БИ БИЛО СУПЕР, ХУМАНО, ЧОВЕЧКИ, ДРУГАРСКИ, ДА ДОЈДАТ И УГОСТИТЕЛИТЕ Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници…

Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!!

За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!

– Музичари

– Угостители

– Фото Студија

– Музички продукции

– Кина / Театри

– Текстописци и Продуценти

– Цвеќарници

– Игротеки

– Салони за убавина

– Фризерски салони

– Танчери/Танчерки

– Диџеи

– Бутици за венчаници

– Бутици за одела

– Бутици за гардероба

– Продавници за китенки и декорации

– Изнајмувачи на звук и светло

– Менаџери на ресторани и локали

– Слаткарници

– Продавници за Хемиско чистење

– Текстилни продавници

– Перални на ресторани и локали

– Фирми големи и мали за алкохол и храна

– Месарници

– Останати засегнати соработници на Свадбената Индустрија…

Дата, ден и почеток:

07.10.2020 / Среда / 14:00ч

Одржување на протестот: Скопје

Влада на Република Македонија

Македонци

Срби

Турци

Албанци

Босанци

Роми

Власи

Со почит,

Музичарите и целата Индустрија.