Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 10:13 AM

Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот

Нивото на Преспанското Езеро го има надминато апсолутно измерениот минимум за 33 сантиметри, покажа контролата што ја направи екипа на хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во денешниот извештај од УХРМ, се наведува дека при извршената контрола, нивото на езерото било на кота од 842.42 мнм.

Според денешните мерења, намален водостој е забележан и кај поголемиот дел од реките во државата. За 14 сантиметри под нивото е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, а намален водостој во однос на минатата недела има и кај реките Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Бабуна, Струмица и Црна Река.

МИА