Заев: Од 1 јануари 2019 година бесплатно болничко лекување за сите – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/18 11:31 AM

Заев: Од 1 јануари 2019 година бесплатно болничко лекување за сите

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница денеска најави дека од 1 јануари следната година ќе има бесплатно болничко лекување за сите граѓани. Тој рече дека од почетокот на следната година и платата на лекарите ќе биде зголемена на 100 илјади денари.

 

Овие две ветувања беа дел од изборната програма на СДСМ. Во предизборната кампања партијата ветуваше дека веднаш штом ќе дојде на власт ќе го направи лекувањето бесплатно за сите граѓани. Сепак, во март годинава Владата донесе одлука за бесплатно лекување само за лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош.