Публиката си седи, Тони си пее – Журката во „Интермецо“ по протокол, тврдат гости – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/20 9:51 PM

Публиката си седи, Тони си пее – Журката во „Интермецо“ по протокол, тврдат гости

Журката со хрватскиот пејач Тони Цетински вечерва во „Интермецо“ е по протокол, велат гости во клубот, кои ни испратија фотографии.

-Сите си седат и си пеат, како на концерт, нема разиграни, велат за mms.mk.

А додека внатре Тони пее, надвор стојат инпректори. Телма објави дека полицијата и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат пред почетокот на концертот пристигнале во кафе барот.

-Не можам да гарантирам за здравјето на гостите, но гарантирам дека здравствените протоколи се почитуваат, изјавил за Телма, менаџерот Констатин Влахо.