На денешната седница ќе предложиме до Владата да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.
„ Работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 1 часот на полноќ за викенд. Исто така, ќе предложиме да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова. Го најавувавме тој зголемен притисок, што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори, вели министерот.
Ова предизвика незадоволство кај граѓаните, особено кај музичарите. „Поради несовесните не може да страдаат и совесните“ се вели во дел од коментарите.
Пеце од „Суперхикс“, пак, на објавата на министерот реагираше со свое видување, кој му го кажал и на Филипче, но, како што вели тој, за џабе..
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2510722702568081
-Случајно ве сретнав пред некој месец во паркот Капиштец и ве запрашав “Како ќе го регулирате ова со протоколиве (кои патем беа конфузни и до крај недоречени и нејасни)со угостителскиве објекти? Кој би бил организатор и кој ќе сноси одговорност доколку самиот објект организира?” Ми одговоривте “Како кој? Па самиот локал!” Ниту локалот кој ви го посочив како пример ниту останатите пар кои многу добро им се познати и на МВР и на инспекциите (зборувам за Скопје, низ земјава во одредени градови,протоколи не постоеа и никој никогаш не ги казни објектите) не беа ниту казнети ниту на минута затворени! И сега? Илјадници мои колеги треба да престанат да се занимаваат со својата работа само затоа што ВИЕ (комисија, Влада, инспекторати, МВР итн) не сте реагирале на очигледните и намерни пропусти кај дел од локалите (знаеме и до која гарнитура се блиски…) Алал Вера и на Вас и на Комисијата! Ваква неинформираност и некоординираност нема ни во Сомалија. Небулоза и контрадикторност при одлуки за нови мерки во услови на Ковид на невидено ниво, напиша Младеновски и додаде:
„И да не напоменувам по 100ти пат дека непочитувањата се случуваа кај увозни артисти како Грашо, Владо, Јелена.., домашните кои беа максимално претпазливи и коректни и кои се државјани на МК, секако повторно први ќе ги дочекаат забраните и ќе останат без денар следните месеци..алал вера„, напиша Пеце.
И музичарот Валентино Скендеровски искоментира на најавите за забрана.
„55 децибели се помалку од нормален човечки говор. Некој нешто погрепно раскажал“, напипа тој.