Обожавате да пиете кафе, но после секоја шолја мора да трчате во тоалет? Научниците во Универзитетот во Тексас се позанимавале со ова прашање и откриле што се случува во организмот откако ќе испиеме кафе.
На експеримент со глувци, после три дена конзумирање кафе забележале дека им се забрзала функцијата на тенките црева – што значи дека и тие како и луѓето морале да одат во тоалет. Исто така се покажало и дека голем дел од бактериите во изметот се намалиле, а интересно е што овие ефекти се независни од кокаинот бидејќи на нив исто делувало и безкофеинското кафе.
Се претпоставува дека за лаксативното дејство на кафето се заслужни нејзините киселини. Докажано е дека кафето ги зголемува киселините во желудникот кои настануваат како последица на хлорогената киселина од кафето, а со тоа се активира работата на дигестивниот систем.
Ова значи дека не мора да се грижите – се е во ред со вашето здравје дури и кога мора да трчате во тоалетот по секое кафе.
Иако кафето има бројни позитивни својства, немојте да козумирате кафе на празен желудник.