Најдобрите цитати од Фрида Кало: На крајот од денот можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме дека можеме! – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 10:42 PM

Најдобрите цитати од Фрида Кало: На крајот од денот можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме дека можеме!

Генијалната уметница, Фрида Кало е симбол за трпеливост, издржливост и сила. Како таква, таа може да послужи како пример за секоја жена, бидејќи Кало му покажа на светот за што се’ една жена е способна, како физички така и емоционално. Кои се најцитираните изреки од неа прочитајте во продолжение. Се работи за цитати кои може да бидат од помош во тешките моменти:

Ништо не е конечно. Се’ се менува, се’ се движи. Се’ полетува и одлетува.

На крајот од денот, можеме да поднесеме многу повеќе одошто мислиме дека можеме.

Стопала – што ќе сте ми, кога има крилја со кои летам.

Сликам автопортрети бидејќи толку често сум сама, бидејќи сум личноста што најдобра ја познавам.

Преживеав две големи несреќи во животот. Едната во која трамвај ме направи таква каква што сум, а другата е Диего. Диего беше далеку полош.

Никогаш не ги сликам своите соништа или ноќни мори. Ја сликам својата реалност.

Се надевам дека излезот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам.

Јас не сум болна. Јас сум скршена, но се’ додека можам да сликам, среќна сум што сум жива.

Ништо не е повредно од смеењето. Трагедијата е најглупава работа.

Порано мислев дека сум најчудната личност на светот, но тогаш помислив дека од толку луѓе на светот, мора да постои уште некој кој е баш како мене, некој кој се чувствува бизарно и дефектно на истиот начин на кој јас се чувствувам. Потоа ќе ја замислував таа личност и мислев дека и таа, таму некаде, така ме замислува мене. Се надевам дека ако си таму негде и сега го читаш ова, знаеш дека сум овде и дека сум чудна исто како и ти.

Го сликам цвеќето за да не овене.

 

 

Фото:     lovesensa.rs