Сликите со починатото бебе на популарната манекенка Криси Тајген, што го очекуваше со светски познатиот пејач, Џон Леџенд, го обиколија светот. Таа го загуби бебето во петиот месец од бременоста а на социјалните мрежи веќе се појавија и видеа како таа и мајка и се простуваат од мртвото бебе.
„Шокирани сме и доживуваме болка за која само сме слушнале, каква што никогаш порано не сме ја чувствувале. Не можевме да го запреме крварењето и да му дадеме на нашето бебе течност што очајно му беше потребна, и покрај трансфузијата. Само што не беше доволно. Никогаш порано не сме избрале имиња за своите деца, сè до последната минута, се додека не ја напуштивме болницата, но поради некоја причина, ова мало момче во стомакот почнавме да го нарекуваме Џек. И тој секогаш ќе биде Џек за нас. Џек работеше напорно за да стане дел од нашето мало семејство и тоа ќе биде, засекогаш. За нашиот Џек: Жал ни е што тие први моменти од животот беа придружени со бројни компликации што едноставно не можевме да ти го обезбедиме потребниот дом за да преживееш. Ние секогаш ќе те сакаме“,“, напиша Криси во описот на фотографиите што ги објави.
https://www.instagram.com/p/CFyWQLWpJ3u/?utm_source=ig_embed
Но, плаче и нејзната мајка, која исто така сподели фотографии од за жал неродениот внук. Видеото покажува дека мајката на Криси во прегратките го има Џек, плаче додека медицинскиот работник и вели:
https://www.instagram.com/p/CF0ZHxjpQ-4/?utm_source=ig_embed
„Можете да го допрете ако сакате“.
https://www.instagram.com/p/CF0ZHxjpQ-4/?utm_source=ig_embed
На чувствителните фотографии кои ги сподели таа, таа го држи починатото бебе во рацете.
34-годишната Криси беше околу петти месец од бременоста, кога беше хоспитализирана поради обилно крвавење. За жал, лекарите не успеале да го спасат.