ДКСК: Апанажата максимално се користи од избраните и именуваните лица по престанокот на мандатот – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 3:27 PM

ДКСК: Апанажата максимално се користи од избраните и именуваните лица по престанокот на мандатот

Во периодот од 2014 до 2018 година од вкупно 107 лица кои го користеле правото на апанажа по престанок на функцијата на која биле избрани или именувани, сто лица пред изборот на функцијата биле вработени и не го користеле правото да се вратат на претходното работно место во рок од 30 дена од престанокот на функцијата согласно Законот за пратеници, туку користеле апанажа

Ова го покажуваат податоците од анализата на буџетските трошења од страна на органите на државната управа ЈП и АД формирани од државните органи, предмет отворен врз основа на наводи изнесени во медиумите за злоупотреба  на службена положба и овластувања, како и несовесно работење во службата од страна на избрани именувани лица како и други службени лица кои се финансираат со средства од буџетот на државата.

Како што истакна Катица Николовска член на Антикорупциската комисија и автор на анализата, од вкупниот број од 107 лица кои користеле апанажа 29 доаѓаат од Влада, а 78 од  Собрание. Од 107 лица кои се предмет на анализата  89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. Додека 18 лица по престанокот на апанажата не се вработиле.

Седум од пратениците се вратиле на работните места каде работеле пред изборот на пратеници, но дури откако го искористиле 12-месечното право на апанажа. При тоа износот на апанажата за лицата кои биле на именувани функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на  оние кои им завршил пратеничкиот мандат износот е околу 100.000 денари.

-Анализата покажува дека избраните и именуваните лица по престанокот на функцијата  на која се избрани максимално го користат правото на апанажа, пред се поради високиот износ што го добиваат, а кои согласно законите е во висина на месечната плата. Како Антикорупциска ќе доставиме иницијатива за изменување и дополнување на законската регулатива во врска со правото на користење апанажа по престанокот на функцијата  на избрани именувани лица од страна на Владата и Собранието  во делот на висината на надоместокот, изјави на Николовска.

Со анализата биле опфатени и самостојни органи на државната управа при што од вкупно 33 институции од Антикорупциска барање за приложување информации доставиле до 18, а повратни одговори добиле од 12 органи на управата.

Станува збор за органи, во најголем број случаи формирани од Собранието  на РСМ, кои се управувани оглавно од директор и заменик директор, а предмет на анализа се користењето на службени возила, правото на закуп на стан, правото на користење на бизнис картички од страна на директорите и нивните заменици и челновите на управните и надзорните одбори.

Од анализата е заклучено дека користењето на службените возила е овозможено со поединечни акти и решенија или полномоштва што директорите си ги одобрувале сами на себе, а нивното користење било со големи месечни лимити за потрошувачка на горива. Правото на презентација не било уредено со правилници, а бизнис картичките кои се користат исклучиво за патување во странство биле користени и за трошење во земјава. На своите веб страници најголем дел од овие органи на државната управа немаат објавено правилници или акти за утврдување на користењето на буџетските средства.

Кај регулаторните тела кои ги има вкупно 10 (АВМУ, Агенција за пошти, Агенција за цивилно воздухопловство, АЕК, Регулаторна комисија за енергетика…)  иако се работи за избрани и именувани лица од Влада или Собрание кои професионално ја вршат функцијата, утврдувањата на месечните надоместоци не секаде е утврдено во материјалниот закон, ниту се наведува вредноста на надоместокот. Освен во две агенции кај другите регулатори надоместокот го уредува органот на управување. Користењето на службените возила е регулирано со интерни акти и правилници, за одговорните лица. Надоместокот за користење приватно возило за службени цели е во рамки на законски утврдениот лимит  до 25 проценти од цената на горивото  (односно до 20 проценти од цената на горивото  од 2019 година), правото на презентација е уредено со правилници, но без утврден лимит, а мал број регулаторни тела на своите веб страници имаат објавено интерни акти за систематизација, правилници и етички кодекси.

Од Антикорупциска, како што рече Николовска, ќе предложат до Владата, како и до Собранието  да пропишат општи правилници кои ќе се однесуваат за регулаторни тела со кои ќе се регулира користењето на буџетските ресурси, да ги објават на своите веб странци сите акти за тоа  согласно барањата од Законот за слободен пристап и информации од слободен карактер, како и меѓудругото предлог до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер да изврши надзор на добивањето на податоци на веб страниците на сите институции.

-Ние не бараме да се намали, туку да се преиспита користењето на службените возила, односно да се направат објективни критериуми кои ќе го валоризираат трошењето на тие средства. Затоа што ако некој е директор не е во ред да го користи службеното возило во сабота или недела или со него да оди на одмор, вели Николовска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа појаснува дека постојат општи правилници кои го донесува Владата и се однесуваат на министерствата, но најголем дел од другите организации формирани од Владата или Собранието не потпаѓаат под овие општи правилници, туку сами ги уредуваат користењето на службени возила, репрезентација и сл. и тука, вели, постои можност за злоупотреба.

Еден од предлозите на ДКСК е и да се обележуваат службените возила за да се препознатливи.

Анализата е испратена до Владата,, Собранието и до вицепремиерот за борба против корупцијата.

Според податоците од МИОА бројот на органи на државната управа, јавни претпријатија и акционерски друштва кои се формирани од државните органи изнесува.