Конечно, 500 семејства од тетовската населба Арабати Баба Теќе ќе добијат чиста вода за пиење. – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 12:39 PM

Конечно, 500 семејства од тетовската населба Арабати Баба Теќе ќе добијат чиста вода за пиење.

Конечно, по десет години петстотини семејства од тетовската населба Арабати Баба Теќе ќе добијат чиста вода за пиење. Деновиве започнаа градежните активности за изградба на цевковод за овој дел на градот. Претходно беше изграден базен за овој проект, но работите се одолжија поради избор на најповолен понудувач за цевководот, кој треба да ја реши еднадецениската мака на жителите, кои и во време на корона се без капка вода за пиење.

Поради недостигот од вода, жителите од тетовската населба Арабати Баба Теќе мора да патуваат по неколку километри во долниот дел од градот и да наполнат вода за одржување хигиена, но и за пиење и готвење. Се очекува целосно проектот за изградба на цевковод за овој дел на градот да заврши за три месеци.

З.Д,