Наставникот Спасе Терпо го направи првиот етнографски музеј во Пустец, Мала Преспа – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 10:37 AM

Наставникот Спасе Терпо го направи првиот етнографски музеј во Пустец, Мала Преспа

Тоа што локалните власти не го направија со децении, го направи Спасе Терпо, наставник по историја во училиштето во Пустец, а тоа е првиот етнографски музеј во Пустец.

За да ја реализира својата замисла, наставникот работел и се посветил на собирање експонати. По една макотрпна работа сега може да се пофали со своето дело, првиот етнографски музеј во Пустец. Според него, македонското материјално наследство од селата во областа Мала Преспа, е исклучително богато. Тоа, воедно сведочи за историјата и традицијата на македонското население од овие преспански села.

Во неговиот мини музеј успеал да изложи експонати од различен вид, од облека од 19 век, алатки за работа и чинии собрани на територијата на општина Пустец, до експонати од времето на комунизмот. Сето тоа е поставено во три простории во неговата куќа.

-Во музејот изложени се предмети од три генерации и истиот е поделен на три дела. Во ходникот се наоѓаат фотографии од мојата фамилија, во вториот дел се наоѓаат експонати кои ни укажуваат на тоа какво живееле Македонците во 19 и почетокот на 20 век. Третиот дел најмногу содржи експонати кои го одбележале животот на македонското население во Мала Преспа во комунистичката ера на Енвер Хоџа, вели Терпо.

Додаде дека предизвик му било да им се покаже на туристите кои доаѓаат во посета на Пустец парче од македонската историја во Мала Преспа.

-Од особено значење е непобитнот факт дека на територијата на Мала Преспа се наоѓаат десетици цркви, а кои ги посетуваат случајни и намерни патници. Сметам дека со посетата на природните и културно – исторските богатства во Мала Преспа, и презентацијата на експонатите од музејот, може да ја збогати туристичката понуда на општина Преспа. Со тоа ќе се подобри и туристичката понуда која нема граници, посочува тој, не криејќи го задоволството од тоа што го направил.

Сепак реално, оцени Терпо, најголемиот проблем на областа е недостигот на инвестиции од централната власт, бидејќи оштината има скромен буџет за инвестиции што би му помогнале на туризмот