Некогашниот напаѓачки двоец на англиски Челзи, Флорен Малуда и Дидие Дрогба, денес во Женева ги извлече 32-та тимови кои во осум групи ќе се борат за трофејот во Лигата на Шампионите во сезоната 2020/2021.
Како и секоја година, ждребот предизвика огромно внимание и ни донесе возбудливи и интереси дуели во групната фаза на ова натпреварување.
Фамозната „група на смртта“ во оваа кампања донекаде е и последната, групата Х, каде што ПСЖ и Манчестер Јунајтед ќе ги вкрстат копјата, а ланскиот полуфиналист во ЛШ, германски Лајпциг, заедно со турскиот шампион Истанбул Башакшехир ќе се обиде од позадина да им ги замрси сметките на двата главни фаворити за првите две позиции.
Во групата А, европскиот шампион Баерн Минхен ќе бара место во нокаут фазата преку Атлетико Мадрид, австриски Салзбург и Локомотив Москва.
Во групата Б, шпанскиот првак Реал Мадрид ќе се соочи со вице-шампионот на Италија, Интер, украинскиот владетел Шахтјор Доњецк и германскиот претставник Борусија Менхенгладбах.
Манчестер Сити е убедлив фаворит во групата Ц, каде што Порто, Олимпијакос и Олимпик Марсеј најверојатно ќе бидат во изедначена борба за втората позиција на табелата.
Во групата Д вистинска напаѓачка рапсодија. За неутралното гледалиште и најпримамлива, со оглед на тоа дека Ливерпул, Ајакс и Аталанта, покрај данскиот Митиланд, со своите исклучително офанзивни филозофии ќе ја водат борбата за прогресирање во понатамошниот дел од натпреварувањето.
Ултимативниот шампион во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Севиља, со англискиот Челзи, Краснодар и Рен се сретнува во групната фаза, во надеж дека оваа сезона ќе остави печат помеѓу елитата.
Борусија Дортмунд, Лацио, руски Зенит и белгискиот шампион Клуб Бриж, се судираат во групата Ф, а во групата Г, Лео Меси и Кристијано Роналдо можеби за последен пат на голема сцена ќе играат еден против друг. Јувентус и Барселона, двата тимови во реконструкција и со стратези, добиваат конкуренција во Динамо Киев и повратникот после 25 години во Лигата на Шампионите, Ференцварош.
Во продолжение следуваат целосните осум групи во Лигата на Шампионите за 2020/21 сезоната.
Како најдобар тренер за 2019/20 од страна на УЕФА е прогласен предводникот на Баерн Минхен, Ханси Флик. Роберт Левандовски од УЕФА го доби признанието за најдобар играч во изминатата натпреварувачка година. Полјакот ја доби и наградата за најдобар напаѓач, а покрај него клупските колеги Џошуа Кимих и Мануел Ноер, добија награда за најдобар дефанзивен играч, односно најдобар голман. Кевин Де Брујн од Манчестер Сити е најдобриот играч од средината на теренот по мислењето на УЕФА.