Навални го обвинува Путин за труењето – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/20 11:07 AM

Навални го обвинува Путин за труењето

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во своето прво интервју по труењето, како виновник за него го посочи шефот на руската држава.

– Тврдам дека Путин стои зад овој чин, не гледам друго објаснување, изјави Навални за германскиот неделник „Шпигел“.

Навални порача и дека не се плаши и дека ќе се врати во Русија откако ќе се опорави.

Тој се наоѓа на рехабилитација во Берлин поради труење со агенсот „новичок“. Беше држен во вештачка кома повеќе од две недели, време во кое беше лечен со противотров.