„Лизгав терен“: Кои теми на разговор треба да ги избегнувате после секс? – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/20 10:02 PM

„Лизгав терен“: Кои теми на разговор треба да ги избегнувате после секс?

Независно од тоа дали сте ја поминале ноќта со својот долгогодишен партнер или сте биле со некој само за една вечер, постојат работи за кои после секс, едноставно не се дискутира. Ако непосредно после сексуалниот однос сакате да разговарате со партнерот, бидете внимателни бидејќи ќе се најдете на „лизгав терен“.

Имено, терапевтката за секс Елиза Бокин истакнува дека луѓето пред, за време на сексот и после него се во најранливата можнa состојба. Поради тоа, одредени теми може да влијаат лошо на емоциите, на расположението, па и на искреноста при разговорот. Затоа следен пат избегнете ги овие шест теми за „дебата“ после секс.

Не критикувајте ги сексуалните умешности на својот партнер

Дури и сте не сте најзадоволената личност на светот, не почнувајте со критики веднаш после самиот чин. Тоа време искористете го размена на нежности, а за можното подобрување во однос на сексот разговарајте подоцна.

Не коментирајте го телото на партнерот

Ако го предупредите партнерот веднаш откако сте имале секс, дека треба да оди во теретана, веројатно тој ќе се засрами и ќе почне да одбива да има секс со вас. Ако навистина го сакате, подобро е да разговарате за тоа што е она кај него што најмногу ви се допаѓа.

Избегнете го разговорот за некои нерешени проблеми

Сите после секс сакаат да останат во „зен“ фазата што е можно подолго. Затоа, не уништувајте ја „идилата“ со разговор за неплатените сметки или слично.

Не споменувајте ги поранешните партнери

Споредувањето или сеќавањето на поранешните партнери секогаш е лоша идеја, а особено после секс. Обидете се оваа тема секогаш да ја избегнувате.

Не прашувајте го каде научил одредена вештина

Освен што не треба да ги споменувате своите поранешни, не потсетувајте го ни него на неговите. Ако ви се допаѓа тоа што го прави, едноставно пофалете го и не барајте ја позадината за тоа.

Заборавете на сериозните прашања за иднината на вашата врска

Особено ако се работи за нешто што е прилично свежо и што од друга страна, можеби се уште не е нешто сериозно. Ако навистина сакате да ги знаете неговите намери, прашајте го за време на вечерата, додека пиете кафе или пак, додека шетате.

 

Извор:  vijesti.me