Фотографии од ромската венчавка во Рим, каде пееја некои од најголемите поп-имиња, како Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас, ги преплавија социјалните мрежи.
Со денови се зборуваше за тоа колку пари инвестирале семејствата на младенците во гала прославата во една од најлуксузните вили во италијанската престолнина, а според информациите на српските медиуми домаќините потрошиле 650 000 евра.
Изнајмувањето луксузен објект чини 100 000 евра на ден, а бидејќи домаќините ја изнајмиле вилата на три дена, потрошиле 300 000 евра само за тоа.
На менито, покрај тестенините, од кои имало 20 вида, разни сирења, супи, морски плодови, салати, но и разни специјалитети од месо.
Сепак, најголемо внимание привлече тортата, која била на пет ката и чинела 15.000 евра.
Извор и фото: srbijadanas.com