Го победи опасниот вирус а почина од лоша болест – Првиот човек излечен од ХИВ, Тимоти Реј Браун ја изгуби битката – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 5:45 PM

Го победи опасниот вирус а почина од лоша болест – Првиот човек излечен од ХИВ, Тимоти Реј Браун ја изгуби битката

Браун, познат и како „Берлински пациент“, се излекувал од ХИВ во 2007 година откако  бил трансплантиран со коскена срцевина на пациент природно отпорен на ХИВ, што значело дека веќе не му требаат антивирусни лекови и беше исчистен од вирус што може да доведе до заболување од СИДА.

Браун, со американско потекло, живее во Берлин од 1995 година, а во 2007 година се разболе од акутна миелоидна леукемија, чиј третман вклучуваше уништување на коскената срцевина што произведе клетки на рак и трансплантација на коскена срцевина. По третманот, нивото на ХИВ во крвта на Браун падна на неочекувано ниво, но на почетокот на годината, тој доби леукемија, која се прошири на мозокот и ‘рбетниот мозок.

https://www.facebook.com/TimothyRayBrown/posts/10158961286332853

Веста за неговата смрт ја објави неговиот партнер на Фејсбук, наведувајќи дека тој починал опкружен со пријатели. Се наведува дека терапијата што довела до лекување на ХИВ е премногу ризична, но и скапа за 38 милиони луѓе кои живеат со ХИВ.

Покрај Браун, уште едно лице беше излечено од ХИВ на почетокот на оваа година, Адам Кастиљехо, познат како „Лондонски пациент“, кој прими слична терапија.

Извор: srbijadanas.com