Борбен авион „F-35B“ на американското воено воздухопловство се урна во сојузната држава Калифорнија откако се судрил во воздух со авион за полнење гориво, пренесуваат агенциите.
Несреќата се случила над областа Империјал во американската сојузна држава Калифорнија, а пилотот на борбениот авион-ловец успеал да се катапултира и сега е на болничко лекување.
Авионот за полнење гориво се вратил на аеродромот и сите членови на екипажот се неповредени.
Како што соопшти единицата на американските маринци, на која припаѓа борбениот авион, истрагата инцидентот е во тек.