Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец. Maксималната температура до 24 степени, прогнозира УХМР за денеска.
Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и в понеделник, кога се очекуваат и до +30 степени.