Владата даде зелено светло за дневниот престој – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 4:39 PM

Владата даде зелено светло за дневниот престој

Владата на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 септември 2020 година, и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести ги донесе следните одлуки и протоколи.

Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.