Проституцијата во Брисел забранета поради коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 3:05 PM

Проституцијата во Брисел забранета поради коронавирусот

Белгискиот главен град Брисел моментално се соочува со највисока стапка на новозаразени од коронавирус, со околу 10% позитивни од тестираните – што е двојно повеќе од националниот просек за минатата недела.

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, како мерка, градските власти вчера објавија забрана за проституцијата. Како што пишува „Би-Би-Си“, властите затвориле три хотели во кои се наоѓаат сексуални работници и испратиле полиција што ќе ги информира сексуалните работници за новите мерки и да надгледува дали забраната се почитува.

Сексуалните работници се едни од потешко погодените од пандемијата, со оглед на тоа што нивната плата исчезна речиси преку ноќ.