Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 14 цивили – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 12:51 PM

Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 14 цивили

Четиринаесет луѓе го загубија животот во бомбашки напад во авганистанската покраина Дајкунди. Покраинските власти соопштија дека била активирана бомба покрај патот во регионот во областа Какран, во Дејкунди, додека возилото со цивилите минувало низ областа.

Во нападот загинале 14 цивили, меѓу кои и деца, а уште тројца цивили се повредени.

Се претпоставува дека бомбата била поставена од талибански милитанти. Досега никој не ја презеде одговорност за нападот.