Фатиме Фетаи не е задоволна од казните за „Насилство во Центар“ – судот ги преценил олеснувачките околности – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 12:08 PM

Фатиме Фетаи не е задоволна од казните за „Насилство во Центар“ – судот ги преценил олеснувачките околности

Обвинителката Фатиме Фетаи по денешната пресуда за „Насилство во Центар“ изјави дека е делумно задоволна од пресудата бидејќи судот ги преценил олеснувачките околности кои што стојат на страна на обвинетите, на сметка на отежнувачките.  Таа најави и жалба од обвинителството.

– Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа во предвид само за осудениот Игор Бошковски и тоа и го предложив во мојот завршен збор. За другите обвинети сметав и се уште сметам и  затоа ќе се жалам на тој дел од одлуката,  дека освен казна затвор не доаѓа предвид друг вид на кривична санкција, изјави Фетаи.

По изречените пресуди, сите обвинети се прогласени за виновни. За делото „Насилство во Центар“, поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една година и шест месеци, а Миле Јанакиески и другите осудени добија условна казна.