Велешанка во два наврати жртва на насилство и обљуба – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 11:30 AM

Велешанка во два наврати жртва на насилство и обљуба

Дваесет и четири годишна девојка од Велес, вчера во Полициска станица Велес, пријавила дека на 20 септември во два наврати, била жртва на обљуба од исто момче.

Прв пат физичкото насилство и обљубата  се случиле во хотел во Велес и втор пат во близина на река Бабуна, кај Велес.

Врз девојката насилствата и обљубите ги извршил пријател на момче на нејзина пријателка. Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека работат на расчистување на случајот.

У.Ј